дома Македонија (Видео)ГРАЃАНИ СЕ СОБРАА ПРЕД СОБРАНИЕ: Не го даваат ајварот!

(Видео)ГРАЃАНИ СЕ СОБРАА ПРЕД СОБРАНИЕ: Не го даваат ајварот!

Група граѓани кои се противат на референдумот и промена на името на Македонија поставија тезга со македонски ајвар спроти зградата на Собранието на Република Македонија.

Тие велат дека на овој начин сакаат да покажат дека сакаат да ја зачуваат македонската традиција, од која дел е македонскиот ајвар.

Организаторите направија своевиден саем на македонскиот ајвар пред Собранието повикувајќи сите патриоти да се приклучат, како што велат на културниот и уметнички настан, на кој треба да се промовира македонскиот ајвар, кој, како што се наведува, ќе биде збогатено и домашни, “патриотски грав на отпорот” .