дома Актуелно (Видео)ЗАВЕТ ЗА НОВА ЕНЕРГИЈА: Мицкоски од Струмица тргна на патот по кој...

(Видео)ЗАВЕТ ЗА НОВА ЕНЕРГИЈА: Мицкоски од Струмица тргна на патот по кој одеа петте струмички студенти кои беа ѕверски убиени поради идејата за независна Македонија!

Пецев, Белев, Јарамов, Топчев и Костуранов се петте млади животи кои што од тоа време сонува за Европска Македонија. Македонија која што ќе биде независна и самостојна. Македонија која што ќе биде горда. Македонија која што ќе биде исправена а не понижена и омаловажена. Годините потоа ќе сведочат за нивниот активизам, но и за нивното херојско дело кое што го направиле додека биле живи, ова денеска го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Денеска се наоѓаме овде на ова место заедно со Унијата на Млади Сили на Општинскиот комитет Струмица и околните Општински Комитети Василево, Босилово, Ново Село, Радовиш имаме од Унијата на Млади Сили од Валандово, Богданци и останатите околни општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ на местото каде што започнува патот во неповрат на овие пет млади човечки животи, на овие пет патриоти кои што сакале да ја видат сопствената земја европска и интегрирана. Потоа ќе се движиме по патеката каде што нивните животи, нивната судбина оди во неповрат, но со една иста идеја а тоа било како Македонија еден ден да биде современа, модерна, горда и достоинствена држава. Пецев, Белев, Јарамов како што вели една народна песна Топчев и Костуранов нивната крв младешка ги натопи твоите ги натопи твоите лисија столетни. Беласица на својот пат кон вечноста заедно со Македонија ќе ги исполнува нивните животи 1951-та предвреме згаснати на 13 Август. Затоа ве поканувам да ни се придружите по патеките, по стазите по кои што овие животи ќе завршат во неповрат, потенцира Мицкоски.