дома Занимливости (Видео)ЗЕМЈАТА ПОД СЕРИОЗНА ЗАКАНА: Огромен астероид вечерва ќе помине во близина на...

(Видео)ЗЕМЈАТА ПОД СЕРИОЗНА ЗАКАНА: Огромен астероид вечерва ќе помине во близина на нашата планета

Астероид поголем од највисоката зградата на земјата ќе прелета во близина на нашата планета со брзина од 122.000 километри на час

Вселенската карпа, позната по своето име „2002 АЈ129“, е 1.2 километри широа. Тоа значи дека е погоелма од Бурџ Калифа во Дубаи, највисоката зграда на Земјата која се издига повеќе од половина километар во небото.

Настрана страшното име, не постои причина за паника. И покрај тоа што е означена како „потенцијално опасна“ од НАСА, познато е дека астероидот нема никаква шанса да се судри со планетата.

Астероидот „2002 АЈ129“ ќе помине на 4.2 милиони километри од планетата Земја. Тоа е десетпати повеќе од далечината помеѓу Земјата и Месечината.

„Го следиме овој астероид повеќе од 14 години и ја знаеме неговата орбита прецизно“, вели Пол Ходас од НАСА. „Нашите пресметки кажуваат дека астероидот нема шанси да се судри со Земјата на 4.фебруари или во наредните 100 години.“

Ова е добра вест за нас земјаните. Ако оваа огромна карпа се судри со земјата ќе предизвика сериозна и долгорочна штета. Научниците во 2016 проценуваат дека таков судир ќе предизвика „многу сериозен глобален проблем“.