дома Занимливости (Видео)Папата се налути и ја плесна жената по рака откако таа неконтролирано...

(Видео)Папата се налути и ја плесна жената по рака откако таа неконтролирано го зграпчи

Видно лут, папата Франциск, на својата последна прошетка на преполниот плоштад Свети Петар во Ватикан, ја отргна раката од една жена која го зграпчи и не го пушташе.

Тој дури и ја плесна по рака и демонстративно го напушти плоштадот, пренесе „Ројтерс“.

Папата го минуваше плоштадот Свети Петар поздравувајќи ги верниците на патот кон макетата со сцена од раѓањето на Исус, поставена на шеталиштето.

Но, во еден момент, жена која се прекрстуваше и со вознемиреност го гледаше папата, го зграпчи за рака откако тој реши токму пред да стаса до неа, да се сврти и да го напушти местото.

https://www.youtube.com/watch?v=K0sqrW3Uu6k&feature=emb_logo