дома Хроника (Видео)СНЕГОТ ПРЕДИЗВИКА БЛОКАДА НИЗ МАКЕДОНИЈА: Превојот Стража и Ѓавато едвај проодни –...

(Видео)СНЕГОТ ПРЕДИЗВИКА БЛОКАДА НИЗ МАКЕДОНИЈА: Превојот Стража и Ѓавато едвај проодни – блокирани тешки товарни возила!

Завеани патишта и планински превои, по првиот снег месецов. Службите повторно изненадени, во јануари, а читатели информираат дека најлоша е состојбата на планинскиот превој Стража, каде камионите за чистење на „Македонија Пат“ наместо да работат се паркирани на врвот на превојот, а работниците јадат мекици

Медиумите на албански јазик пренесуваат видеа на кои се гледа дека патниот правец Ресен- Битола не е исчистен од снегот.

Од она што може да се види од видеата, поради неисчистениот снег кај превојот Ѓавото, има застој на тешките товарни возила.

Превојот Ѓавото на патниот правец Битола- Ресен важи за особено критичен дел, а неисчистениот снег дополнително ги отежнува условите на движење на моторните возила.