дома Временска Прогноза (Видео)СНЕГ ВО СРЕД ЛЕТО: Во Словенија паѓа снег!

(Видео)СНЕГ ВО СРЕД ЛЕТО: Во Словенија паѓа снег!

На планинскиот врв Кредарица во Словенија, денеска падна снег, соопштија медиумите од регионот. Објектите и природата кои се наоѓаат на 2.515 метри надморска височина се целосно бели. Највисока температура на Кредарица е измерена на 27 јули 1983 година и изнесувала 21,6 степени, а најниска на 7 јануари 1985 година кога било минус 28,3 степени.

Иако календарски стигна лето, температурите ширум Балканот се пониски од она што е вообичаено за овој период од годината.