дома Русија (Видео)ТЕНК ЗА ЦИВИЛНА УПОТРЕБА: Најмоќните трактори во Русија!

(Видео)ТЕНК ЗА ЦИВИЛНА УПОТРЕБА: Најмоќните трактори во Русија!

Русија отсекогаш се гордеела со своите тенкови. Моќни, издржливи, непретенциозни во својата совршеност, се сметаат за ремек дло на руското инженерство. Но сите тие сјајни карактеристики ваат и за цивилната техника во Русија – одлични квалитетни трактори! Спутник го претстави моделот „кировец“, чедо на тракторскиот завод од Санкт Петербург

Тракторот „Кировец“ не е само најсилниот по бројните перформанси како најдобар трактор во СССР, туку тој стана и доста баран како издржливо и силно индустриско возило. Имено, на основата на моделот К-700 и некои модификации, направено е многу поразлично земјоделско, шумарско и градежно помошно возило. „Кировец“ отсекогаш бил необично баран.

„Тој трактор не е само необично прилагодлив на различни географски и временски услови по целиот СССР, туку остави своја трага на полињата во САД, Канада, Австралија и Европа. Па дури и во Куба.“ – вели директорот на заводот Сергеј Серебрјаков.

Денес постојат модификации од овој трактор, прилагодени за работа на нафтени полиња и електро-енергетски комплекси за чистење снег, и воопшто во секоја сфера каде се неопходни сигурност и сила.

Современиот „кировец К-744Р“ е принципиелно нова машина, која постепено го заменува прочуениот к-700 во Руската индустрија, но и надвор од границите на земјата.