дома Занимливости (ВИДЕО) АЛБЕРТ АЈНШТАЈН НА НАЈМАЛИОТ ЗЛАТНИК ВО СВЕТОТ: Уникатна монета дизајнирана пред...

(ВИДЕО) АЛБЕРТ АЈНШТАЈН НА НАЈМАЛИОТ ЗЛАТНИК ВО СВЕТОТ: Уникатна монета дизајнирана пред се за колекционерите

Швајцарска ковачница за пари „Свисминт“ минатата недела издаде уникатна монета дизајнирана пред се за колекционерите. Се работи за досега најмалата паричка во светот со димензии од 2,96 милиметри (дијаметар), тежина од 0,063 грама а вреди четвртина швајцарски франк. На монетата е познатата поза на Алберт Ајнштајн каде што тој се плази.

На овој начин Швајцарците му оддаваат почит на славниот физичар кој живеел и работел во нивната земја, а според нив ставањето на ликот на Ајнштајн на најмалата паричка во светот е почит кон неговата решителност и трпеливост.

Монетата е изработена злато, има само 999 примероци и сите, колку што може да се види во официјалната нивнастраница се распродадени по цена од 200 франци.

Златната паричка била спакувана во специјална декоративна кутија, поставена на специјална проѕирна подлога со лупа од двете страни, така што нејзините сопственици ќе можат целосно да уживаат во сите детали на минијатурната монета.