дома Спорт (Видео) ГО НОКАУТИРАШЕ ПРОТИВНИКОТ: Екс-играч на Академија Пандев се замисли дека е...

(Видео) ГО НОКАУТИРАШЕ ПРОТИВНИКОТ: Екс-играч на Академија Пандев се замисли дека е Тајсон

Поранешниот фудбалер на Академија Пандев, Марио Маслаќ го направи најглупавиот можен потег во кариерата денеска на рестартот на сезоната во Србија, доби директен црвен картон откако се замисли дека е Мајк Тајсон, па го нокаутираше противникот.

Маслаќ кој замина од Струмица зимава и се пресели во Раднички Ниш, му удри бокс во лице на својот чувар при еден центаршут за нишлиите, па судијата без размислување го испрати во соблекувалната за да ја олади главата, а веројатно сега за потегот го чека и добра казна со која повеќе од извесно е дека ја заврши сезоната, а можеби ќе го пропушти и стартот на следната.

Маслаќ, кој има 29 години, освен во Академија Пандев играше и за струмичка Беласица, а во кариерата настапуваше и за Борац Чачак, Војводина, Иртиш Павлодар и Рига.

 

https://www.youtube.com/watch?v=lXFXTv9hHTg&feature=emb_title