дома Спорт (Видео) ЛОПАТЕГИ ВО АУТ, КОНТЕ ВЕЌЕ НА ПАТ ЗА МАДРИД: Тренерот на...

(Видео) ЛОПАТЕГИ ВО АУТ, КОНТЕ ВЕЌЕ НА ПАТ ЗА МАДРИД: Тренерот на Реал Мадрид се поизвесно ќе ја напушти клупата по срамниот пораз од Барселона со 5-1

Тренерот на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги сигурно ќе ја напушти функцијата. Како што објави „Марка“ Лопетеги по вчерашниот пораз од Барселона бил свесен дека го очекува отказ и веќе се поздравил со играчите.

Реал загуби на гостувањето кај лутиот ривал со убедливи 5:1.

По 10 кола во шпанската Примера, Реал има само четири победи, две нерешени и дури четири загубени натпревари.

52-годишниот Лопетеги на вчерашниот состанок со играчите говорот го завршил со зборовите „Збогум, за секој случај”.

Се шпекулира дека денес или во наредните неколку дена Антонио Конте ќе биде назначен за нов тренер на „Кралевите“.