дома Македонија Видео -ОДЗЕМЕНИ ПРЕДМЕТИ ОД 1 ТВ: Претресот се вршел со цел да...

Видео -ОДЗЕМЕНИ ПРЕДМЕТИ ОД 1 ТВ: Претресот се вршел со цел да се пронајдат пари кои биле добиени со изнуда

Во текот на претресот вечерва во просториите на „1ТВ“ одземени се компјутерите на Бојан Јовановски, познат како Боки 13 од неговата канцеларија и компјутерот на синот на Катица Јанева кој е вработен во телевизијата, јавува репортерот на ТВ21.

Снимките на ТВ21 потврдуваат дека се одземени предмети од телевизијата, а како што дознаваме претресот се вршел со цел да се пронајдат пари кои биле добиени со изнуда. Но засега нема информации дали се пронајдени.

Полицијата претрес извршила во канцеларијата на Јовановски, а целиот претрес имало налог и да биде сниман од страна на полициските единици.