дома Локално (Видео) Полицијата спpeмна за „вojнa“ со дeмонcтpaнтите за Монcтpyм

(Видео) Полицијата спpeмна за „вojнa“ со дeмонcтpaнтите за Монcтpyм

Полициските сили се на готовс во пресрет на најавениот протест против пресудата на осудените кои добија доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковско Езеро. МВР најави дека ќе бидат преземени и соодветни мерки за заштита на граѓани и имот доколку јавниот ред биде нарушен.

Како што вчера беше најавено, протест ќе започне во парк Чаир на бул. „Христијан Тодоровски Карпош”, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1 на бул. „Гоце Делчев”, Собрание на Република Северна Македонија на ул. „11-ти Октомври” и Влада на Република Северна Македонија на бул. „Илинден”. Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици:

– ул.„Х.Т.Карпош”,ул. „Џон Кенеди”, ул. „Цветан Димов”, бул. „Крсте Мисирков”, бул. „ Гоце Делчев”, ул. ,,11-ти Октомври”, ул. „Васил Главинов”, бул.„ ВМРО”, бул. „Илинден” и други околни сообраќајници.

СВР Скопје упати алел  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.