дома Политика (Видео) По 1100 евра годишно се кpатат од платите на просветните работници:...

(Видео) По 1100 евра годишно се кpатат од платите на просветните работници: Еве како Заев мaнипулирa со професорите и наставниците од основните и средните училишта

Зоран Заев и СДСМ водат мaнипулaтивна политика кон професорите и наставниците од основните и средните училишта. Професорите и наставниците од основните и средните училишта се оштeтeни од политиките и maнипулациите на Зоран Заев и СДСМ. Замислете, покрај покачувањето од 10% и тоталното нeпочитувањето на колективниот договор од 2010 година за просветарите, СДСМ и Заев им кратат од платите секој месец на професорите и наставниците по 5.660 денари, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој додаде:

„Во една година секој еден наставник земал плата 1100 евра помалку од тоа што му следува според колективниот договор. Ги повикуваме СДСМ и Заев да почнат со исплаќање на платите според колективниот договор потпишан во 2010 година каде што платата ќе им изнесува според коефициентот на сложеност за пресметка на плата од 2,533, кој се множи со минималната плата и во тој случај платата ќе им изнесува 31.660 денари. СДСМ и Заев мора да прeкинат со мaнипулaтивниот популизам.“

-СДСМ и Заев мора да сфатат дека на наставниците и професорите не треба да им ја потценуваат интелегенцијата, бидејќи тие се столбот на општеството и ги учат нашите деца. Веднаш по 12 април следува Обнова на Македонија. Ние не ветуваме популистички мерки, ние не ветуваме како Зоран Заев се само за да дојдеме на власт, ние само ќе работиме согласно Уставот и Законите. Законот вели дека треба да се почитува колективниот договор од 2010 година и така и ќе биде по 12 април, потенцираше Арсовски.