дома Свет (Видео) ПРВИОТ САМИТ НА КОЈ ПРИСУСТВУВАШЕ ЗАЕВ ГО „PACПАДНА“ НАТО: Трамп им...

(Видео) ПРВИОТ САМИТ НА КОЈ ПРИСУСТВУВАШЕ ЗАЕВ ГО „PACПАДНА“ НАТО: Трамп им се нaлyти на Трудо, Макрон и Џонсон си заминува од Лондон

Американскиот претседател Трамп го видел видеото во кое неговите меѓународни колеги го исмеваат за настапот на прес-конференција со Емануел Макрон.

Во клипот канадскиот премиер Трудо вели за Трамп:
„И гледаш како вилиците на неговиот тим паѓаат на под“.

По ова следуваше одговор од Трамп.

„Е па, тој е дволичен“, рече Трамп за канадскиот премиер а причина за невнимателните коментари на Трудо била фрустрација од барањата на САД Канада повеќе да дава во буџетот на НАТО.

На прес конференција со Ангела Меркел, Трамп искрен како и секогаш:

„Искрено, Трудо е фин човек, сметам дека е многу фин човек. Но знаете, вистината е дека јас го повикав поради фактот дека не плаќа 2 проценти и претпоставувам дека тој не е многу среќен поради тоа“, изјави Трамп.

„Тој не плаќа 2 отсто, а треба да плаќа 2 отсто. Тоа е Канада, тие имаат пари и треба да плаќаат 2 проценти, затоа јас го прозвав и сигурен сум дека тој не беше среќен поради тоа, но тоа е тоа”, вели Трамп кој инсистира дека како претставник на САД и Трудо” треба да плати повеќе отколку што плаќа, и тој го знае тоа“.

Иако имаше закажано уште една прес конференција Трамп порано од планираното заминува од самитот на НАТО што според сите се должи на озборувањето од неговите колеги.