дома Европа (Видео) Пoжap зафати три cпpaтa нa oблaкoдep вo Лoндон: Haд 120 пoжapникapи...

(Видео) Пoжap зафати три cпpaтa нa oблaкoдep вo Лoндон: Haд 120 пoжapникapи гo гacнea пoжapoт

Повеќе од 120 пожарникари го изгаснаа пожарот што избувна на десеттиот кат на облакодер во источниот дел на Лондон, пренесуваат локалните медиуми.

Лондонските пожарникари на местото на настанот пристигнаа со 20 противпожарни возила, откако пламенот избувна утрово нешто пред девет часот.

Делови од осмиот, деветтиот и десеттиот кат на зградата околу реката Темза беа зафатени од пламен, кој пожарникарите го гасеа неколку часа.

Штетата е проценета на повеќе од 500.000 фунти.

Причината за пожарот се уште не е позната.

Станарите се евакуирани, а некои од нив побарале медицинска помош поради вдишување чад.