дома Свет (Видео) Трагедија во САД на Божиќ – се сруши зграда по експлозија

(Видео) Трагедија во САД на Божиќ – се сруши зграда по експлозија

Зграда се сруши по експлозијата утрово во Нешвил, САД. Според извештаите на медиумите, неколку лица биле повредени во експлозијата, а околу 30 лица биле евакуирани.

Пожарот наводно се проширил на околните згради, а биле запалени и неколку возила. Според противпожарната служба, детонацијата ги искршила прозорците на зградите.

Голем број на пожарникари и екипи на брза помош се на терен.