дома Европа (Видео) Хaoc во Холандија: Големи пpoтeсти против затврањето на земјата, полицијата со...

(Видео) Хaoc во Холандија: Големи пpoтeсти против затврањето на земјата, полицијата со водени топови и гумeни палки ја рacтеруваше толпата

Холандската полиција употреби водени топови и гумени палки со цел да го растури протестот против локдаунот во центарот на Хаг. Нередите се случуваат еден ден пред парламентарните избори во земјата.

Околу 2.000 луѓе изразија незадоволство поради владините мерки, носејќи транспаренти „Љубов и слобода, НЕ на диктатурата“ и фотографии од премиерот Марк Руте со натписи „Ако ја сакате Холандија, не гласајте за нив“.

Голем број полицајци беа распоредени во паркот каде што се собраа демонстрантите, но пред почетокот на протестот полицијата предупреди на Твитер дека веќе е достигнат максималниот број на учесници.

Веднаш по објавувањето на твитот, на местото на одржувањето на протестот пристигнале уште стотици луѓе.

Во Холандија на 23 јануари беше воведен полициски час со цел да се спречи ширењето на корона вирусот, што предизвика масовни насилни протести во земјата.

Премиерот Марк Руте минатата недела истакна дека мерките мора да важат најмалку до 31 март поради континуирано големиот број на новозаразени, додавајќи дека исклучоци ќе бидат направени со цел да се гарантира дека изборите од 15 до 17 март да се одржат според планираното.