дома Македонија (Видео) XAОС И НEPВОЗНИ ВОЗАЧИ: Еве како изгледаат граничните премини во моментов

(Видео) XAОС И НEPВОЗНИ ВОЗАЧИ: Еве како изгледаат граничните премини во моментов

Точно напладне сликата на граничните премини во Македонија иста.

Како што утрово информираа од АМСМ на граничните премини Богородица и Табановце за излез од државата се чека од 30 до 45 минути, а според видео камерите кои се достапни на интернет попладнево слична е ситуацијата.

Како што информира АМСМ, на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Иако сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата. Особено да севнимава на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Каква е ситуацијата на граничните премини можете да ја следите во живот овде.