дома Актуелно (Видео)Tpaгична пpикaзнa нa eдeн млaд cкопjaнец: Штo ќе пpaвам со бoлниoт тaткo...

(Видео)Tpaгична пpикaзнa нa eдeн млaд cкопjaнец: Штo ќе пpaвам со бoлниoт тaткo за вpeме на полициckи чac бeз стpyja?

Инфомакс денес во центарот на Скопје спроведе анкета со граѓаните за одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на струјата. Мнозинството на граѓани се против ваквата одлука, забележуваат дека во услови на криза цената треба да се намали, а не да се зголемува.

Дел од граѓаните забележуваат дека не е порасната само цената на струјата туку на сите производи како што се лековите. Мнозинството од анкетираните велат дека излегле на некој од протестите против поскапувањето на струјата, но за жал велат дека тоа нема многу да помогне бидејќи власта не го слуша народот.

Кај граѓаните владее општа апатија бидејќи поголемиот дел од граѓаните сметаат дека власта не го слуша гласот на сопствениот народ.

Сепак најмногу внимание привлече тажната приказна на еден млад скопјанец кој се грижи за својот болен татко. Тој бил вработен во угостителскиот сектор како келнер, но по корана кризата останал без работа. Сега тој работи како магационер посочувајќи дека зема плата од 10 илјади денари што е за 4 илјади помалку од загарантираната минимална плата од 14 илјади денари. Тој во разговор со Инфомакс посочи дека кај него дома веќе неколку месеци нема струја бидејќи тој не може да си дозволи да ја плаќа, а власта ја запраша што тој ќе прави за време на полициски час 8 часа без струја затворен во 4 ѕида со својот болен татко?