дома Македонија ВИНИЦА НЕ САКА ДВОЈАЗИЧНОСТ: Запален автомобилот на пратеничка на СДСМ од Виница

ВИНИЦА НЕ САКА ДВОЈАЗИЧНОСТ: Запален автомобилот на пратеничка на СДСМ од Виница

Автомобилот на пратеничката на СДСМ од Виница, Славица Шуманска – Митева, бил запален синоќа околу 1.20 часот, дознава Плусинфо.

Полицијата, пак, во текот на целата ноќ ги обезбедувала домовите на најголемиот дел на пратениците од владејачкото мнозинство.

По вчерашното изгласување на Законот за употреба на јазиците, во текот на ноќта, на профилите на социјалните мрежи на пратениците од СДСМ не престанале да пристигнуваа низа закани, пцости, клетви, дел јавно, дел преку пораки од граѓани гневни на владеачката гарнитура која во изминатиот период ги лажеше своите гласачи дека Тиранската платформа е лага, а дека тие нема да донесат законт за двојазичност во земјата.