дома Политика ВМРО-ДПМНЕ:Макрадули јавно ги поддржува написи со кои се навредува Турција и турскиот...

ВМРО-ДПМНЕ:Макрадули јавно ги поддржува написи со кои се навредува Турција и турскиот народ

Јани Макрадули заменик министер од редовите на СДСМ на социјалните мрежи јавно поддржува написи со кои се навредува Турција и турскиот народ кои се наши пријатели, изјави денес Тања Станојоска од ВМРО-ДПМНЕ. Нејзината изјава ви ја пренесуваме интегрално.

Тој јавно го поддржа натписот на Мицковски наменет до Турскиот претседател и турскиот народ цитирам „Е стварно сте мајмуни“.

Ниту Јани Макрадули се извини, ниту СДСМ се огради. Јавно го повикуваме СДСМ да го осуди овој говор на омраза и навреди на нивниот заменик министер. Ова е голема навреда за пријателскиот турски народ и држава, како и навреда кон турската заедница. Молкот од СДСМ дали значи одобрување и согласност кон оваа навреда кон Турците?

Воедно го повикуваме и министерот без ресор кој е од турската заедница Аднан Ќахил да ја осуди ова навреда на Макрадули кон турскиот народ и држава.