дома Македонија ВМРО ЌЕ БИРА МИНИСТРИ ПОСЛЕ „СКРАТЕНАТА ЛИДЕРСКА“: Ако изборите се одложат, опозицијата...

ВМРО ЌЕ БИРА МИНИСТРИ ПОСЛЕ „СКРАТЕНАТА ЛИДЕРСКА“: Ако изборите се одложат, опозицијата излегува на улица

ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука за министри за внатрешни работи и за труд и социјала во пржинската влада веднаш после утрешните лидерски средби на Христијан Мицкоски со Зоран Заев и Али Ахмети, доколку, велат од опозициската партија, биде дефинитивно потврдено дека парламентарните избори ќе се оддржат во договорениот термин кај претседателот Стево Пендаровски-12 април.


-Гледаме дека одложувањето на изборите се уште е во игра,па сакаме на средбите да се увериме дека изборите сигурно ќе се оддржат во април, пред да донесеме конечна одлука за нашите членови во владата. Не сакаме да ги изгориме луѓето, да ги избереме а избори да нема-објаснува висок партиски функционер, додавајќи дека доколку власта ги одложи изборите, опозицијата ќе иницира серија на масовни граѓански протести.