дома Социјални Мрежи Внимавајте: Се шири лажна наградна игра во име на Кока Кола

Внимавајте: Се шири лажна наградна игра во име на Кока Кола

Кока кола ги предупреди граѓаните на социјалните мрежи да не веруваат на лажната страниа, откако денеска се споделуваше онлајн истражување „Фонд за социјална помош на Кока-Кола“ кое масовно беше препраќано на Фејсбук, а наводно било спроведено од самата компанија.

На официјалната Фејсбук страница, Кока-Кола Македонија објави дека преку лажна страница се спроведува наводна наградна игра и дека компанијата не спроведува такво нешто.

– Во моментов ние не спроведуваме никакво онлајн истражување. За сите моментални наши активности можете да се информирате на Coca_Cola.mk – се вели во објавата.

Линк со учество за наградна игра денеска цел ден се споделува на социјалните мрежи и уште е активен, иако компанијата соопшти дека оваа страница е лажна.

„Денес, 2 Јуни, 2021, Вие сте многу среќни што сте избрани за нашето истражување. За само една минута, ќе добиете прекрасна награда! Подготвивме неколку награди за оние кои учествуваат во истражувањето. Вие само имате 4 минути и 20 секунди, да одговорат на оваа анкета! Побрзајте, бројот на достапни награди е ограничен!“, се вели во пораката на која потоа се бара од читателите да одговорат неколку прашања.