дома Хроника ВОЗИЛО СЕ ЗАБИЛО ВО ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ВИНИЦА: Синот на командирот на...

ВОЗИЛО СЕ ЗАБИЛО ВО ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ВИНИЦА: Синот на командирот на ПС Виница под дејство на aлkoхол се забил во полициската станица

Веќе шест дена нема никаква официјална информација за непотврдените информации дека командирот на полициската станица во Виница сторил сѐ да ја сокрие сообраќајната несреќа предизвикана од неговиот син кој бил во алкохолизирана состојба. Официјално од МВР за МКД.мк велат дека за овој случај била испратена внатрешна контрола и дека за наодите од контролата навремено ќе инфомрираат. И така е веќе четири дена.


Во билтенот на МВР на 9 февруари немаше таква информација.

Додека внатрешната контрола безмалку една недела го испитува случајот, неофицијално станува збор за сообраќајка која се случила ноќта меѓу 8 и 9 февруари кога синот на командирот на полициската станица во Виница во алкохолизирана состојба со возило „Ауди а6“, удрил во зградата на полициската станица и оштетил други две возила.

Таткото бил веднаш повикан по што не дозволил да се направи увид, да се пополни записник, да се информира МВР.