дома Балкан ВООРУЖЕНИ АЛБАНЦИ ВЛЕГЛЕ ВО ЦРНА ГОРА: Воен камп во близина на Бар,...

ВООРУЖЕНИ АЛБАНЦИ ВЛЕГЛЕ ВО ЦРНА ГОРА: Воен камп во близина на Бар, експертите сметаат дека и Македонија ќе ја снајде истат судбина

Поголема група на Албанци, меѓу кои и оние во маскирни униформи и со вооружување, се собрала во своевиден воен камп на врвот на планината Румија над Бар, и тоа на 21.мај кога и Црна Гора официјално го одбележува Денот на независноста


Покрај луѓето во униформи на УЧК и со долги ножеви, на собирот биле и лица во маици на таканаречена „природна Албанија“, која потсетуваме, опфаќа голем дел на територијата на Црна Гора и Македонија, објавува порталот ИН4С.

Во воениот камп се бил и претседателот на општината Улцин Назиф Цунгу, кој ги тестирал неговите стрелачки способности.

Покрај ова на врвот Румија, на денот на независноста на Црна Гора, на големо се виореле и знамиња на Албанија, а никој од државните органи не реагирал по тој повод. Експертите по безбедност, сметаат дека не е далеку денот кога и во Македонија ќе започнат вакви инциденти на означување на „територија на природна Албанија“.