дома КОВИД-19 (Коронавирус) Во велешката болница 44 хоспитализирани, кислородна поддршка се 29 пациенти

Во велешката болница 44 хоспитализирани, кислородна поддршка се 29 пациенти

Во велешката болница вкупно се хоспитализирани 44, од кои 36 се потврдени позитивни на Ковид-19, пет сомнителни и тројца пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 29 пациенти, информира портпаролот д-р Елеонора Јованова.
Испишан е еден пациент како оздравен со еден негативен тест.
На инфективно одделение има 42, на интерно двајца пациенти.