дома Актуелно (Во живо)ЕУФОРИЈА ВО СТРУМИЦА: Десетици илијадници Македонци се слеаа во Струмица на...

(Во живо)ЕУФОРИЈА ВО СТРУМИЦА: Десетици илијадници Македонци се слеаа во Струмица на големиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ!

Се веат црвено црни и македонски знамиња, се пеат патриотски песни. Славеничка атмосфера владее во Струмица на големиот митинг на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓани од цела источна Македонија се пристигнати во Струмица каде треба да се даде силна поддршка за нова изборна победа.

Оваа изборна единица е најинтересна бидејќи директно ќе се соочат лидерите на власта и на опозицијата Никола Груевски и Зоран Заев. Струмичани се едногласни дека Заев попусто дава нереални ветувања кога тој како градоначалник на Струмица нема исполнето ниту едно свое ветување во овие четири години.