дома Македонија ВО НЕДЕЛА ВО 12 ЧАСОТ ИНАГУРАЦИЈА НА ПЕНДАРОВСКИ: Завршува мандатот на Иванов

ВО НЕДЕЛА ВО 12 ЧАСОТ ИНАГУРАЦИЈА НА ПЕНДАРОВСКИ: Завршува мандатот на Иванов

Во недела во 12 часот ќе се одржи инаугурацијата на Стево Пендаровски како петти претседател на Република Северна Македонија. Со тоа ќе заврши мандатот на Ѓорѓе Иванов кој на таа позиција беше десет години.

Еден до два часа подоцна се планира во претседателската вила Иванов да му ја предаде должноста на Пендаровски, кој, практично, на полноќ – меѓу 12 и 13 мај ќе почне да ја извршува претседателската функција.