Полицијата го истражува случајот со експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ кај Самоков, што се случи вчера околу 16,10 часот. Според СВР Битола нема повредени, ниту загинати во експлозијата. Ситуацијата е стабилизирана, пожарот е локализиран.
Во Самоков, во близината на фабриката, локалната жителка Светлана Божиноска само ни изјави дека и тие нешто слушнале, но не знаат никакви детали, ниту пак што се случува во фабриката.Според неа, раководството на фабриката доцнело со платите, пишува Република.мк.
-Не ја слушнавме експлозијата. За неа дознавме по повеќе од еден час, кога стигна полиција од Македонски Брод, а и противпожарни возила. Знам само, како што велат жителите, имало експлозија пред влезот на еден од старите погони. Ова се нема случено 20-ина години. Тогаш имаше иксплозија и трагични последици, со загинати. Летово во фабриката беа вработени околу 150-ина луѓе, најголемиот дел од Самоков, другите од Македонски Брод. Ни беше чудно што ова се случува во недела, кога, освен чуварите, немаше никој.Во петокот се штрајкуваше зошто доцнеа платите и имаше ветување дека за неколку дена ќе се обезбеди плата. Има ново раководство, а со фабриката раководи некоја чешка фирма. Лично, експлозијата не ја слушнав, раскажува Божиноска.
Случајот со експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ го истражува полицијата.