дома Временска Прогноза ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со слаб дожд и снег по планините

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Облачно со слаб дожд и снег по планините

Денеска времето во целата земја ќе биде променливо облачно, претпладне со локален слаб дожд, а на планините со повремен снег. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје 5 Целзиусови степени, Крива Паланка 3, Берово 2, Кавадарци 7, Маврово 2, Охрид 6, Дојран 9 степени…

Утре времето ќе биде променливо облачно со појава на магла по одделни котлини и дневни температури од 2 во Маврово и Берово, Скопје 4, Охрид 6 до 10 степени во Гевгелија.