дома Занимливости Вo петок ќе ја чуеме песната за „Евровизија 2019“

Вo петок ќе ја чуеме песната за „Евровизија 2019“

Евровизиската песна „Proud“ на македонската претставничка на годинашното издание на Евровизија во Израел, Тамара Тодевска, ќе биде промовирана во централниот дневник на Македонската радио телевизија в петок, на 8 март, од 19:30 часот, информираат од МРТ.

Музиката е авторско дело на Роберт Билбилов, Лазар Цветковски и Дарко Димитров, а текстот го напишаа Коста Петров и Сања Поповска.

На сцената во Тел Авив, Тамара ќе настапи во втората полуфинална фестивалска вечер на 16 мај.