дома Европа Германски виpycoлoг пpeдyпpeдyвa: Heвaкциниpaнитe лицa ќe пpoдoлжaт дa ce зapaзyвaaт и дa...

Германски виpycoлoг пpeдyпpeдyвa: Heвaкциниpaнитe лицa ќe пpoдoлжaт дa ce зapaзyвaaт и дa ce paзбoлyвaaт

Експерт за вируси од Берлин рече дека ова лето во Германија може да има олеснување на рестриктивните мерки.

-Мислам дека ќе го видиме ефектот што може да се припише на вакцинацијата за прв пат во јуни, рече за телевизијата ЗДФ во неделата вечерта Кристијан Дростен, директор за вирусологија на универзитетската болница во Берлин.

На прашањето за годишни одмори, отворање тераси во ресторани и скара со пријатели, тој објасни дека многу работи сега можат да се дозволат на отворено.

Но, Дростен предупреди дека не треба да се паѓа под чувството на „целосна еуфорија“ прерано. Тој истакна дека колективниот имунитет ќе ја подобри состојбата наесен, но предупреди дека „болеста нема да исчезне наесен“.

-Невакцинираните лица ќе продолжат да се заразуваат и да се разболуваат, но нема да има повеќе неконтролирано ширење на вирусот, додаде тој.