дома Македонија ГЛУПЕРДА: Грчкиот катастар нема историја на движење на парцела, бидејќи Македонија е...

ГЛУПЕРДА: Грчкиот катастар нема историја на движење на парцела, бидејќи Македонија е окупирана територија!

Заев се пофали дека со Спогодбата Димитрив-Коѕиас, Македонија добила имотен лист. Глуперда…

Ај што Македонија е постара од Грција најмалку 2000 години, ама Грција не е светски катастар, постоењето на државите и народите во светот не зависи од Атина.

Заев заборави да го каже најважното, дека во грчкиот катастар нема историја на движење на парцела, затоа што Грција е земја на окупации врз туѓи територии и земја на геноцид врз окупираните народи.

За првпат во својата историја, откога постои од 1827 година (ја создадоа Англија, Франција и Русија наспроти Отоманската Империја), Грција ја окупира Македонија во Балканските војни 1912-1913 година. Дотогаш Македонија никогаш не била дел од Грција! Оттогаш Атина започнува етничко чистење и геноцид врз Македонците во Македонија. Основата на Хеленската Република е антимакедонизмот, таа омраза во Грците системски е всадена преку образованието со децении. Па, до скоро, на фудбалските стадиони во Атина, секој натпревар со тим од Солун, публиката го нагрдуваше со “Вулгари”! Македонија и денес е нешто сосема друго од Пелопонез и Атина.

Од каде сега Атина со 105 години окупирана територија ја поседува нејзината 2.000 годишна историја, па и таа пред нашата ера?!

Се разбира, Атина мора да се извини за сите историски и општествени неправди врз Македонците, да плати репарации, и да ги врати државјанствата, цивилните и имотните права на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија од Првата и Втората Балканска Војна 1912-1913 година, Првата Светска Војна 1914-1918, Втората Светска Војна 1939-1946 година и Граѓанската Војна во Грција 1946-1949 година!

Украденото секогаш се враќа на сопственикот… Нели така вели правото и правдата и на Западот… Или тоа не важи за нив кога они крадат од светот?!

Пишува
Тодор Петров