дома Социјални Мрежи Горан Ангелов со илинденска честитка: Во очи не можеме да му погледнеме...

Горан Ангелов со илинденска честитка: Во очи не можеме да му погледнеме на Илинден

Во очи не можеме да му погледнеме на Илинден. Најмалку што може да направиме е да си признаеме дека ние сме најнеспособната и најнедостојната генерација Македонци (ако и тоа сеуште сме), која евтино ги продаде сите идеали за кои гинеа хероите. Срамно е предавствата да се прикажуваат како континуитет на илинденската идеја.

Тоа е и најопасното за вистинските илинденски идеали. Идните генерации мора да знаат за нашата неспособност и недоследност. Само така, може да се надеваме дека ќе се изродат подобри од нас, кои ќе ја вратат Македонија на вистинскиот пат.

Да живее Македонија!!!

(Како болен крик на надеж, без нималку триумф).