дома Македонија ГРУЕВСКИ ЗА НОВОТО ОБВИНЕНИЕ ОД СЈО: Политичка хајка и дефокусирање на јавноста

ГРУЕВСКИ ЗА НОВОТО ОБВИНЕНИЕ ОД СЈО: Политичка хајка и дефокусирање на јавноста

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска беше на судење за случајот за луксузниот Мерцедес.

Груевски ги отфрла обвинувањата на Специјалното обвинителство за вмешаност во случаите „Попис“ и „Актор“. Тврди дека Владата води политичка хајка и сака со вакви случаи да ја дефокусира јавноста.

– Ние сме имале многу разговори, веројатно сме имале разговори и за пописот, сме биле загрижени за сето тоа што се случува, но ние не ги носиме одлуките за тоа, ниту сме се договориле. Одлуките си ги носат државните органи, односно државната комисија, и сум цврсто убеден, сеќавајќи се дека имаше многу проблеми, дека таа државна комисија донела правилна одлука, изјави Груевски, пренесе МРТ.