дома Хроника Дедото направил сообраќајка, нe бил kaзнeт за пешачки премин

Дедото направил сообраќајка, нe бил kaзнeт за пешачки премин

МВР остро ги демантира наводите во текстот објавен, од наводен сведок на настанатот, во кој се тврди дека дедо, кој поминувал улица на пешачки премин, наводно бил запрен од полиција и казнет.

-Станува збор за целосна невистина, бидејќи според пријавеното на 13.11.2019 околу 08.00 часот Н.Б.(76) од Скопје, управувајќи моторно возило „матиз“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во столб од семафор. Бил извршен увид од увидна екипа, настанот е евидентиран, а Н.Б. бил пуштен да си оди, се наведува во соопштението на МВР.