дома Хроника Детали за пожарот на Tрансфузиологија: Се запалила собата во која е сместен...

Детали за пожарот на Tрансфузиологија: Се запалила собата во која е сместен компјутерскиот систем на клиниката

На 10.08.2021 во 12.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, на Клиника за трансфузиологија, при што се запалила собата во која е сместен компјутерскиот систем на клиниката. Пожарот бил изгаснат од вработените и екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Притоа, на вработената Ј.М.(40) од Скопје ѝ била укажана лекарска помош поради вдишување на чад. Извршен бил увид на местото на настанот