дома Актуелно ДЕТАЛИ ОД ПРЕГОВОРИТЕ: Грците прифатиле преведено име и неслеано, Македонија треба да...

ДЕТАЛИ ОД ПРЕГОВОРИТЕ: Грците прифатиле преведено име и неслеано, Македонија треба да прифати ерга омнес и промена на Устав!

Вистинска бомба одекна од Виена. Според грчкиот медиум Скаи, грчката страна се повлекла од барањата за слеано име кое ќе биде без превод односно наместо понуденото име „Горнамакедонја“ се дискутирало за предлогот „Горна Македонија“ или преведено на англиски „Upper Macedonia“.

За возврат грчката страна побарала егра омнес решение кое имплицира промена на уставот, особено на Членот 49 кој е најважен за Грција каде што се наведува дека „Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив“.

Преговорите, според Скаи, ќе продолжат по Велигден кога ќе има нова средба Заев-Ципрас и Коѕијас-Димитров.