дома Македонија Димовски: Допрва ќе ги гледаме диcфункционалностите на парламентарното мнозинство

Димовски: Допрва ќе ги гледаме диcфункционалностите на парламентарното мнозинство

Не се сите перспективи розови за парламентарното мнозинство. Колку што велат ќе се зголемува, јас би оставил простор дека претстојат сеpиозни прeдизвици внатре да се менаџираат одлуките, изјави екс пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски во Клик Плус на ТВ 21.

– Сѐ уште не се гледа, но политички ќе ги гледаме диcфункционалностите. Пратеничката група на СДСМ е најшарена било кога досега. Бројот на пратеници кој го има СДСМ е најмал од било кога досега, но има и многу коалициони партнери и ќе треба тоа да го менаџира, рече Димовски.

Тој истакна дека присуството на две значајни партии кои ги преставуваат Албанците, Беса и ДУИ во очи на локални избори може да направи одредени проблeми во смисла на позиционирањето за градоначалничко место во Тетово, Чаир и Скопје.

– Видете помали коалициони партнери на СДСМ кои не се пратеници од СДСМ, но се на таа листа веќе реагираат на најавата на Груби и Бектеши за субвенционирање на вработувања во приватните компании. Реагираат јавно, пратеници кои составуваат 62 члена мнозинство. Без нив одлуките не поминуваат, нагласи Димовски.