дома Македонија ДОГОВОРЕНА КОАЛИЦИЈАТА: Алијанса и Алтернатива се договорија заедно ќе настапат на изборите

ДОГОВОРЕНА КОАЛИЦИЈАТА: Алијанса и Алтернатива се договорија заедно ќе настапат на изборите

Алијансата на Албанците, партијата на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши до четврток се очекува да го официјализират договорот за коалиција на престојните парламентарни избори, дознава весникот ЛАЈМ.

Според извори на ЛАЈМ од двете партии можноста кон оваа коалиција да се приклучи и Движењето Беса се минимални.

Како што пишува весникот Алијанса и Алтернатива веќе се согласија да настапат заедно на претстојните избори, но одлуката не се соопштува пред тоа да го потврдат и партиските тела на двете партии, кои треба да се состанат до среда.