дома Занимливости ДРАМА НА НЕБОТО: Погледнете како пилот на Ф-16 ги избегна ирачките ракети!

ДРАМА НА НЕБОТО: Погледнете како пилот на Ф-16 ги избегна ирачките ракети!

Иако снимката е малку матна и некои детали не се познаваат баш добро, сигурно ќе го слушнете вознемирувачкото пискање на системот кој предупредува дека непријателска ракета лета кон вас да ве собори.

Снимката која ќе ја погледнете е направена во 1991 година за време на Заливската војна. Снимката е од дисплејот на пилотот на Ф-16 кој бега од ракетите испалени од страна на ирачката војска со цел да  го соборат.

Како што пишува во информациите за видеото, тој ден пилотот морал да избегне дури шест ракети на ирачката противвоздушна одбрана, а на основа на аудио записот од комуникација помеѓу пилотот и неговата команда ќе можете да видите на колкав стрес е подлежен пилотот тој ден.