дома Македонија ЕБРД: Мерките на Владата во Македонија ќе го зголемат јавниот долг!

ЕБРД: Мерките на Владата во Македонија ќе го зголемат јавниот долг!

Во извештајот за транзиција 2018-2019 што денеска го објави Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за Македонија, потсетува дека јавниот долг во земјава дополнително ќе се зголеми од најавените владини стимулации.

Во извештајот пишува дека во Македонија постојано се зголемува јавниот долг поради растот на буџетскиот дефицит. Според ЕБРД иако јавниот долг е во рамки на Мастришкиот критериум, тој од 2009 година наваму пораснал за дури 20 процентни поени.
– Се очекува понатамошен раст на долгот поради мерките усвоени од страна на владата, вклучувајќи ги и бизнис поттиците за дополнителни вработувања и за зголемување на минималната плата, стои во извештајот.

ЕБРД констатира и дека перцепциите за корупцијата се влошиле и покрај поволната бизнис средина. Македонија сега е рангирана на 107-то место (од 180 земји), што е најниско во регионот на Западен Балкан, во Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл.
ЕБРД прогнозира раст на македонската економија од 2 проценти следната година, пренесува Фактор.