дома Свет ЕВЕ КОЛКАВА Е АМЕРИКАНСКАТА БЕЗБЕДНОСТ: Припадници на ИСИС со селфи среде Њујорк...

ЕВЕ КОЛКАВА Е АМЕРИКАНСКАТА БЕЗБЕДНОСТ: Припадници на ИСИС со селфи среде Њујорк – Ви се шетаме во дворот!

На социјалните мрежи се раширија слики од поддржувачи или припадници на ИСИС кои направиле селфи фотки во близина на местото каде беа урнати Кулите Близначки од Светскиот трговски центар со порака до американските власти – „Ви се шетаме во вашиот двор“.

Овие селфи фотки според безбедносните аналитичари од GIPEC, сајбер-разузнавачка компанија која следи терористички активности на социјалните мрежи, се направени со цел да се предизвика страв и параноја во Њујорк.

Исто така со ширењето на сликите на мобилни апликации како Telegram и останатите социјални мрежи се прават обиди да се мотивираат поддржувачи на ИСИС да извршат самостојни напади врз цивили како тој што се случи неодамна на Менхетен при што беа убиени 8 луѓе.