дома Актуелно ЕВРОПСКИ ПАТОКАЗИ: Нов телевизиски проект со Бобан Нонковиќ кој ќе се...

ЕВРОПСКИ ПАТОКАЗИ: Нов телевизиски проект со Бобан Нонковиќ кој ќе се емитува на ТВ „Алфа“

Од оваа сабота премиерно започнува новиот телевизиски проект, предводен од Бобан Нонковиќ, кој ќе се емитува на ТВ „Алфа“. Терминот за премиерното емитување ќе биде во 18.00 часот

Бобан Нонковиќ е еден од најискусните новинари и дописници од светските метрополи на Македонската Информативна Агенција, а ова е прв негов телевизиски проект во ваков формат.

Нонковиќ е редовен гостин и во дебатните емисии во Македонија, како аналитичар со најпроминентно познавање на процесите во Европската Унија и НАТО, но и геостратешките прилики во Европа и на Балканот.

Освен ова, Нонковиќ важи и за неуморен активист кога станува збор за промоција на Македонските позиции пред Европските институции и поддржувач на голем број на Македонски иницијативи во дијаспората.

Сабота во 18.00 часот на ТВ „Алфа“. Не пропуштајте.