дома Русија СРЕДБА ПУТИН-ТРАМП ВО ЉУБЉАНА: Словенскиот претседател понудил средбата Путин и Трамп да...

СРЕДБА ПУТИН-ТРАМП ВО ЉУБЉАНА: Словенскиот претседател понудил средбата Путин и Трамп да биде во Љубљана, рускиот претседател согласен!

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е спремен да се сретне со неговиот Американски колега, Доналд Трамп во Љубљана, Словенија

„Љубљана – и општо Словенија – е одлично место за да се оствари ваков дијалог“ – изјави Путин.

Путин, кој денес го прими Словенскиот претседател Борут Пахор кој е во официјална посета во Русија, му се заблагодари на неговиот гостин за предлогот Словенија да биде домаќин на ваква средба, но додаде дека местото и времето за таква средба не зависи само од Москва.

„Ако ваква средба се случи, немаме ништо против истата да биде во Љубљана“, рекол Путин на прес конференцијата. Тој потсети дека во Љубљана имаше средба и со претходникот на Трамп, Барак Обама.