Од оваа сабота премиерно започнува новиот телевизиски проект, предводен од Бобан Нонковиќ, кој ќе се емитува на ТВ „Алфа“. Терминот за премиерното емитување ќе биде во 18.00 часот
Бобан Нонковиќ е еден од најискусните новинари и дописници од светските метрополи на Македонската Информативна Агенција, а ова е прв негов телевизиски проект во ваков формат.
Нонковиќ е редовен гостин и во дебатните емисии во Македонија, како аналитичар со најпроминентно познавање на процесите во Европската Унија и НАТО, но и геостратешките прилики во Европа и на Балканот.
Освен ова, Нонковиќ важи и за неуморен активист кога станува збор за промоција на Македонските позиции пред Европските институции и поддржувач на голем број на Македонски иницијативи во дијаспората.
Сабота во 18.00 часот на ТВ „Алфа“. Не пропуштајте.