дома Македонија ЕГЕЈЦИТЕ НЕ ПОСТОЈАТ ВО ОЧИТЕ НА ВЛАСТА: Никој од СДСМ и власта...

ЕГЕЈЦИТЕ НЕ ПОСТОЈАТ ВО ОЧИТЕ НА ВЛАСТА: Никој од СДСМ и власта не ги испочитува Егејците на средбата во Трново!

И ова година се собраа иселениците и Mакедонците од Егејска Македонија да го одбележат големиот македонски празник Илинден и големиот христијански празник Св.Илија.

Уште еднаш граѓаните на семакедонската средба во битолско Трново кажаа “не” за договорот со Грција и со Бугарија.

На средбата се обрати и архимандритот Никодим Церкњас.

Ни градоначалничката на Битола, ниту eден пратеник на СДСМ, никој не ги испочитува иселениците и Македонците од Егејот и не ги удостои со свое присуство на средбата.