дома Свет ЕКСАЛИРА СОСТОЈБАТА ВО АФРИН: Сириската војска ќе го брани градот од Турскиот...

ЕКСАЛИРА СОСТОЈБАТА ВО АФРИН: Сириската војска ќе го брани градот од Турскиот напад на барање на Курдите

Сириската влада и курдските сили на самоодбраната се договорија сириската војска да влезе во Африн за да го заштитат од Турција, наведува телевизијата „Мајадин“, повикувајќи се на неименуван извор

„Сириското раководство и курдските сили на самоодбраната постигнаа договор за воведување на сирискат војска во Африн“, јавува телевизијата.

Според зборовите на изворот, оваа одлука е донесена за со помош на владините сили да ги одбијат нападите на Турција и нејзините сојузници во Африн.

Турција започна офанзива над оваа сириска енклава пред три недели за да ги протера борците на сириските Курди кои ги гледа како безбедносна закана поради нивната поврзаност со бунтовниците во земјата.