дома Технологија ЕКСПЛОЗИЈА НА GALAXY NOTE 7: Изгорела цела куќа!

ЕКСПЛОЗИЈА НА GALAXY NOTE 7: Изгорела цела куќа!

Веќе постојат голем број на случаи каде што новиот Galaxy Note 7 најчесто се запалува при полнење, заради што Samsung ги повлече сите модели од продажба, а веќе врши замени за оние кои го купиле телефонот…

Според WMBF News, куќа во Јужна Каролина целосно изгорела под мистериозни околности, но се претпоставува дека причината за ова е Galaxy Note 7, кој во тоа време се полнел. Пожарникарите тврдат дека пожарот започнал блиску до штеќерот каде што се наоѓа телефонот.

Wesley Hartzog, сопственикот на куќата, излегол за да ги земе своите деца од училиште, а кога се вратил веќе имало огромен пожар. Истрагата сеуште трае, а не е потврдено дека Galaxy Note 7 е виновникот.

Ова е уште едно предупредување дека доколку имате купено Galaxy Note 7, веднаш треба да го замените со понов модел, бидејќи постои огромен ризик од пожар.