дома Занимливости Елена му подари серум против опаѓање на косата на Жаре

Елена му подари серум против опаѓање на косата на Жаре

Елена Ристеска во „Еден на Еден“ ја најави новата линија на козметички производи под нејзин потпис. Таа дури и му подари на Жаре серум против опаѓање на косата.

Покрај разговорот, Елена имаше и одлични изведби со нејзиниот нов бенд, а во последната епизода на Еден на Еден може да ги дознаете и ТОП 5 правилата за слави и прослави, како и новото видео посветено токму на македонските слави од Марјан Ѓорѓиевски.

Екипата откри и што точно работи Груевски во Будимпешта и што се случува со марихуаната во Македонија.

Следната недела во Еден на Еден ќе ја гледаме екипата од Преспав!
Извор:tocka.com.mk